Соопштение

posted in: Novosti | 0

Се известуваат граѓаните на град Струга дека е забрането депонирање на градежен шут, гранки, делови од стар мебел и сл. покрај контејнерите за одлагање на комунален смет, како и на јавните површини низ градот.
Граѓаните на град Струга за да можат да се ослободат од наведените предмети и материјали ЈП Комунално-Струга во соработка со Општина Струга ќе започне со спроведување на договореното дека, во секоја среда предпладне континуирано ЈП Комунално-Струга ќе врши подигање на истите. На граѓаните на град Струга ќе им биде дозволено депонирање на градежен шут, гранки, делови од стар мебел и сл. покрај контејнерите за одлагање на комунален смет исклучиво само во среда во утринските часови.
Ви благодариме на соработката. 

Leave a Reply