Известување

posted in: Novosti | 0

Се известуваат граѓаните дека ЈП Комунално Струга, поради непрописно паркираните возила по улиците низ градот се соочува со проблем за успешно отстранување на Снегот од улиците.
СЕ МОЛАТ граѓаните своите возила да ги паркираат на места определени за таа намена, заради непречено обавување на нашата работа во зимски услови односно отстранување на снегот од улиците.
Доколку во вакви услови се затекнат непрописно паркирани возила ЈП Комунално Струга со Пајак службата и со асистенција на полицијата ќе врши присилно отстранување на истите.
ЈП Комунално Струга
Директор,
Иван Клечкароски

Leave a Reply